


![]() |
| „Бед
Копи екипата ја сочинуваат: Ајс Нигрутин, Тимџа де Сенсеи и Скај
Виклер.Работат повеќе од 10 години,а веќе следната недела излегува во
продажба нивниот трет албум „Најгори до сад" кој ќе го
промовираат на гостувањето во Скопје. Хумористичните лирики, палетата
скилови и одлично изработените матрици се нивниот најкарактеристичен
белег. Нивните претходни два албума „Орбод мебеј" (читај од
десно
кон лево) и „Све сами хедови" ги етаблираат овие рапери како
најинвентивни, најквалитетни и најоригинални до сега на овие простори.
Бед Копи ја отсликуваат балканската реалност и секогаш ја исмеваат
нафураната-турбо-фолк-фејк генерација, а нивната
„несериозност" е
само дел од нивниот шарм на кој ретко кој може да одолее. Имаат
соработувано со многу балкански хип-хоп „ѕвезди" како Едо
Маајка,
Марчело, Београдски Синдикат, Севен, Елементал и многу други.Сами за
себе велат:„Се што треба да знаете за нас... дека кога се
работи
за рап ние сме едноставно најдобри и кој ќе каже поинаку - тој клевети
и лаже (и краде!). Се формиравме 1941 и од тогаш сите други пиздат
затоа што не можат да бидат најдобри. Освен тоа треба да знаете дека
Ајс е бела мечка, дека Виклер знае да свири, а Тимбе е грд. Тоа е тоа."
Што повеќе да се каже? Тоа е тоа!:)" |
Видео: Bad Copy -
Mozes Видео: Bad Copy -
Uno due tre Видео: Bad Copy -
Zurka Линк: http://www.myspace.com/realbadcopy4323 |

![]() |
| РАХМАНИ
врти драменбејз од 1999 год. и настапува со ѕвезди како Голди, Букем,
Марки, Фреш... Во Скопје доаѓа диркетно по настапот во Подгорица за да
го разигра подиумот со својот мелодичен сет и извонредна техника. Од
неодамна работи и како продуцент правејќи ремикси на популарни
белградски хип-хоп бендови.Член е на белградската формација Дип
фоундејшн. Бил резидент диџеј во сите поголеми клубови во Белград, зад
него стојат неколку настапи на популарниот новосадски фестивал Ексит, а
ние ве убедуваме дека токму тој беше диџејот кој успеа да надокнади за
остсуството на Шај ЕфЕкс во Самер Бејсмент (Белград). На секој негов
настап девојките лудуваат и атмосферата е навистина жешка. Неговото
мото е UNITED WE STAND, DIVIDED WE FALL!!!Потполно го поддржуваме :) |
Линк: http://www.myspace.com/djrahmanee |




Студира во Виена, Австрија (индустриски инженеринг) и се обидува да биде во тек со моќната австриска џангл сцена, посетувајќи ги најголемите австриски рејв-журки. Резидент е во неговата омилена винил продавница (Dynamic Recordstore) и ја набавува и слуша најновата днб продукција. Заедно со неговата екипа се обидува да ја развие македонската днб сцена и организира неколку гостувања со диџеи како ED209 (AU), TemperD (UK) и Pyro (DK). Омилен стил и звук: techstep, deep rolers, neurofunk… Големи планови за организирање журки во иднина со надеж дека ќе се појави заедно со гостите презентирајќи свој диџеј сет Прв настап - зима 2004 заедно со GameOver и Fluid во Ballet. |
Линк: http://www.dnb.com.mk/djs/ilje-mk Микс: Highly
Eclectic Jahney Mix |
